Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Српска има право на одлука за мирно одвојување, бидејќи ја внесе својата територија, јурисдикција и независност во државната заедница на Босна и Херцеговина.
Тој рече дека до крајот на јуни Република Српска ќе и понуди на Федерацијата БиХ (ФБиХ) договор за мирно раздружување, кој ќе содржи и аналитички дел за загрозувањето на Дејтонскиот мировен договор.
Pотсети дека Владата на Република Српска денеска донесе одлука да назначи Работна група за изработка на договор за мирно раздружување со ФБиХ, Додик рече дека Српска има право на оваа иницијатива, која се заснова на Уставот и Дејтонскиот Мировен договор.