Додик: Република Српска никогаш немала план за сецесија
Република Српска никогаш немала план за сецесија, изјави денеска претседателот на Српска, Милорад Додик, и посочи дека веќе 10 години вели дека РС нема планови за отцепување, ниту некогаш имала.
– Ние го поддржуваме територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина во согласност со Дејтон. Имаме право на политичка борба. РС е решена да ја брани својата политичка автономија. Ако Босна и Херцеговина не е одржлива врз основите на Дејтон, тогаш не е никако. Подобро е да се разделиме мирно и да нема никаков судир. Немам намера да им објаснам на оние што не сакаат да го разберат тоа, дека нема план за сецесија, рече Додик на прес-конференција.
Тој напомена дека Република Српска останува на темелите на напишаното во Дејтон и ќе продолжи да се бори за него.
Додик посочи дека знае што се зборувало на средбата за време на посетата на директорот на ЦИА Вилијам Барнс на Сараево и дека на седницата на Претседателството на Босна и Херцеговина било кажано дека не се гордее со тоа како работат некои негови соборци на теренот.
-Тоа беше доволно за да препознаеме дека тој не поддржува некои активности, рече Додик.
Тој смета дека погрешно било претставено дека во БиХ дошла „бабарога“, посочувајќи дека Бернс е еден од разумните луѓе.
– Зборуваме за мудар човек, кој има животно и професионално, но и значајно политичко искуство. Јас ја поддржувам комуникацијата што ја имаа, рече Додик.
Тој рече дека на сите им е доста од приказната на Денис Беќировиќ за сецесијата и Додик.
Исто така, додаде, дека на средбата било кажано дека не се согласуваат со неговата политика, но разбираат дека некои позиции треба да се усогласат и да се разјаснат.
– Да бараа политичка пензија немаше да има, јас не сум човек што се повлекува, рече Додик и посочи дека за политичката пензија ќе одлучува самиот.
Кога станува збор за американските санкции, Додик изјави дека се бликирани сите финансиски операции на владата на домашен и на меѓународниот пазар и дека спроведува ригидна и насилна политика на елиминација кон поединци и компании, додека од друга страна во БиХ поради тоа има радување.