Милорад Додик, претседателот на Република Српска, рече дека најдоцна на почетокот на ноември во Москва ќе разговара со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
„Интересно е да се разговара со Путин. Тоа е навистина, што се однесува до мене, висока привилегија. Кога на него ќе му подадете рака и тој ќе каже дека нешто е во ред, тогаш е во ред. Кога ќе му пружиш рака на западњак, знаеш дека следниот ден те изневерил“, вели Додик.
„Русија ја измачува Втората светска војна и комунистичкото владеење, како и очекувањата дека Западот конечно ќе ги прифати Русите како составен дел од тие вредности. Таа изгуби 30 години во потрагата и сфати дека Западот сака само преку Украина да дојде до суровини и ресурси на истокот на Русија“, додаде Додик.
Тој изјави дека најголемите бранители на комунистичките вредности се всушност Западот и САД, бидејќи тие поддржуваат се што правеле комунистичките власти во минатото, на штета на суверените држави како што е Русија денес.
„Америка ја урна Европската унија, која повеќе не е фактор, преку конфликтот во Украина. Тие ја запреа Германија затоа што се плашеа од сојузот меѓу оваа земја и Руската Федерација. Синоним за тој сојуз беше „Северен тек“, изјави Додик за „Срна“.