Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека ја поддржува позицијата на Унгарија дека одлуките на ЕУ треба да придонесат за вистинско смирување на ситуацијата на Балканот, наместо за зголемување на тензиите, како и мислењето на унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијартo дека меѓународната заедница требало да ги прекине активностите во БиХ и да престане со закани, санкции и мешање во внатрешните работи на земјата.
Додик рече дека Република Српска изразува длабока благодарност до министерот Сијартo за неговата изјава дека Унгарија ќе гласа против резолуцијата за Сребреница.
„Оваа изјава ја нагласува важноста на стабилноста на Балканот и улогата што може да ја одигра пристапот на Балканот во ЕУ во смирувањето на тензиите“, рече Додик.