Додик испрати порака на англиски до Евреите, се шегуваат со него на Твитер

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина и претседател на СНСД – Милорад Додик синоќа на англиски им го честиташе Јом Кипур на Евреите, а честитката набрзо се прошири на Твитер поради граматички грешки.

„Во време на сеќавање и молитва, би сакал да испратам порака до претседателот на Израел Исак Херцог и целиот израелски народ со зборовите G’mar Chatimah Tovah“, стои во преводот на пораката на Додик.

Наместо „Евреин“ Додик напишал „Juwish“, твитот подоцна беше избришан, ама…

Честитката на Додик набрзо стана тема на шеги на Твитер.