Додик: Дури десет земји во светот би ја признале независноста на Република Српска

Членот на Претседателството на БиХ и претседател на СНСД, Милорад Додик во емисијата „Балканска ријеч“ рече дека ентитетот Република Српска „е стабилен без оглед на сè што се обидува да го дестабилизира и да ја сопне волјата на народот“.

„Република Српска ќе продолжи да се гради и да се развива, без оглед на условите од ЕУ и блокирањето на финансирањето на започнатите проекти. РС има свои економски и политички партнери. Дури десет земји во светот во моментов би ја признале независна РС“ – рече Милорад Додик.

Додик истакна дека „наскоро сите граѓани на РС, без разлика каде се наоѓаат, ќе добијат легитимации со кои ќе ги остварат сите права на Република Српска“.

Зборувајќи за актуелната светска ситуација, Додик истакна дека е очигледно дека ограничените енергетски ресурси во светот се клучни и дека наскоро ќе се случи формирање на енергетска заедница во која ќе биде вклучена и Република Српска.

„За ова разговарав и со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан“ – нагласи Додик.