Доделување на државната награда „Мето Јовановски“

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде врачена државната награда „Мето Јовановски“ за 2024 година - највисоко признание за долгогодишни остварувања во промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде врачена државната награда „Мето Јовановски“ за 2024 година – највисоко признание за долгогодишни остварувања во промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Годинава наградата ќе им биде доделена на Здружението на граѓани „Центар за граѓански комуникации (ЦГК)“ – Скопје и на активистката Лила Милиќ од „Трансформа“.

Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, под претседателство на Александра Цветановска, ја донел одлуката за годинашните добитници на наградата, која се доделува по повод Меѓународниот ден на човековите права.