Додека сум фаворит нема да се пензионирам – тврди Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, има 36 години и се почесто се соочува со прашањето кога ќе се пензионира.

Ниту пред почетокот на мастерс турнирот во Париз, не беше исклучок вакво прашање од новинарите, но одговорот на светскиот тениски рекет број еден воопштонема да им се допадне на неговите ривали.

„Благодарен сум што сум на позицијата на која сум во моментов. Сè уште се чувствувам млад кога е моето тело во прашање. Тоа ми служи добро, освоив три од четири грен слем турнири“, рече Ѓоковиќ и додаде:

„Каде и да играм, сакам да победувам. Нема сомнеж за тоа. Но, најголемите цели се оние што ги споменав. Во моментов имам, да го наречеме луксуз, да ги изберам турнирите на кои ќе играм. Го организирам мојот распоред за да можам да бидам во врвна форма на турнирите каде што ги поставувам највисоките цели“.

Кога станува збор за пензија, тој ги дели играчите во две групи.

„Секако дека постојат разлики меѓу тенисерите во минатото. Некои од нив мислеа дека е најдобро да го напуштите тенисот кога сте на врвот. Други мислеа дека кога ќе сфатите дека не можете да ги освоите најголемите турнири и ќе изгубите од помлади момци. Јас повеќе припаѓам на друга група. Се додека сум главен кандидат за освојување на грен слемови и најголеми турнири во овој спорт, нема да го напуштам тенисот. Се разбира, под услов нешто друго да не се случи тоа ќе доведе до губење на мотивацијата. Тоа не е случај во моментов“, истакнува Ѓоковиќ.

Една од ретките работи што му недостига е златен олимписки медал. Тој го освои бронзениот медал во 2008 година.

„Секако, следната година се Олимписките игри. Навистина сакам да постигнам добар резултат на нив, да ја претставувам мојата земја. Дејвис купот е исто така нешто што ме инспирира“, заклучи Ѓоковиќ.