Доаѓа нагла промена на времето: обилни врнежи, а од четврток заладување и снег во Македонија
Под влијание на засилена циклонска активност и серија влажни воздушни бранови од запад и југозапад, во текот на оваа недела во Македонија ќе преовладува променливо време со чести и повремено пообилни врнежи од дожд. Врнежите на места ќе бидат проследени со засилен јужен ветер, а локално се очекуваат значителни количини на дожд.

Според прогнозите, на одредени локации ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар, додека во западните предели количината на врнежи локално може да надмине и 50 литри на квадратен метар.
И во Скопје и околината времето ќе биде променливо, со повремени врнежи од дожд, кои на моменти ќе бидат пообилни и проследени со засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе останат релативно високи и над просекот за овој период од годината, благодарение на топлата воздушна маса од југ. Дневните температури на повеќе места ќе се искачуваат над 10 степени, а и ноќните ќе останат над нулата.
Поради продор на значително поладен воздух од север, во четврток (8 јануари) ќе дојде до нагло опаѓање на температурите, кои повторно ќе добијат зимски карактер. Заладувањето ќе биде проследено со засилен северен ветер.
Со падот на температурите, врнежите од дожд на планините и повисоките населени места ќе преминат во врнежи од снег, при што ќе се формира снежна покривка. Снежната граница може да се спушти под 1.000 метри надморска височина, а не е исклучена и појава на повремен снег и во пониските предели, вклучително и градовите.