ДИK: Во Дебар најмногу гласови освои Хекуран Дука од ДУИ
Првичните резултати што рано утринава ги објави Државната изборна комисија, од гласањето за вториот изборен круг за градоначалник на Дебар покажуваат дека најмногу гласови добил Хекуран Дука од ДУИ, подржан од СДСМ и коалцијата.
Од вкупно запишани 19.211 лица со право на глас, на 27 гласачки места своето уставно право го оствариле околу 45 отсто.
За Дука гласале 4.284 или 49,69 отсто, додека за неговиот противкандидат Беким Поцеста од Алијансата за Албанците/Алтернатива, кој е подржан од ВМРО-ДПМНЕ гласале 4.148 или 48,11 отсто.