„Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски од денеска во киносалите

➡ Филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски од денеска ќе ја има и својата кинопремиера. Во Скопје ќе се прикажува во киното „Синеплекс“ со премиера во 20 часот, а исто така ќе игра и во 3Д киното при Центарот за култура во Битола, од истиот термин.

Филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски од денеска ќе ја има и својата кинопремиера. Во Скопје ќе се прикажува во киното „Синеплекс“ со премиера во 20 часот, а исто така ќе игра и во 3Д киното при Центарот за култура во Битола, од истиот термин. Филмот минатата недела го затвори 46. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, а светската премиера ја имаше во јануари годинава на фестивалот на независниот филм „Санденс“. Таму освои две награди, а досега има учествувано на 30-ина фестивали, каде собра многу признанија.

Фото: Трилинг / Георги М. Унковски, режисер

Ахмет, 15-годишно момче од оддалечено село на Јуруци во Македонија, наоѓа утеха во музиката додека се справува со очекувањата на својот татко, конзервативната заедница и своето прво искуство со љубовта — девојка која веќе е ветена за друг.

Улогите ги толкуваат: Ариф Јакуп, Агуш Агушев, Дора Акан Златанова, Аксел Мехмет, Селпин Керим и Атила Клинче.