„Дишеме отров“: Граѓаните бараат затворање на Усје и вистински мерења на загадувањето

Дел од пораките се однесуваат и на прашањето за мерењето на загадувањето. Активистите сметаат дека не се прикажува реалната состојба при мерењето на загадувањето.

Дел од пораките се однесуваат и на прашањето за мерењето на загадувањето. Активистите сметаат дека не се прикажува реалната состојба при мерењето на загадувањето.

„Профит за Усје, болести за нас“, „Дишеме отров“, „Воздухот не е луксус, туку наше право“ се дел од пораките испишани на транспарентите што граѓаните денеска ги носат на протестот против загадувањето на цементарницата пред Владата.

Учесниците на протестот повторно побараа затворање на цементарницата „Усје“, посочувајќи дека економскиот профит не смее да биде над здравјето на граѓаните. Сметаат дека институциите имаат одговорност кон граѓаните и дека барањата за заштита на здравјето и животната средина мора да добијат конкретен институционален одговор.

„Институциите го штитат Усје, наместо граѓаните. Го признаваат проблемот, но не нудат никакво решение, наместо да не штитат нас. Сето тоа го прават за профит, бидејќи за нив, профитот е најголем приоритет. Скопје е наше, без нас нема да постои Скопје. Доста ни го земаат за да остварат профит. Историјата покажува дека ниту еден народ што бил сплотен, не бил победен. Затоа, станете народе, ни ги трујат децата“, порача активист на протестот пред Владата.

Потоа следуваа извици на насобраните: „Стоп за Усје“.

Додека се движеа кон Собранието, учесниците ги повикуваа минувачите со пораката: „Дојдете со нас“.

Дел од пораките се однесуваат и на прашањето за мерењето на загадувањето. Активистите сметаат дека не се прикажува реалната состојба при мерењето на загадувањето.

Протестот продолжи пред Собранието, а потоа и пред зградата каде е сместено Министерството за животна средина и просторно планирање.

Извор: Фокус.мк