ДИСЦИПЛИНСКИ И ФИНАНСИСКИ САНКЦИИ: Руски Рубин ќе го казни Даку за навредите кон Македонците

Срамното однесување на навредливото навивање на Мирлинд Даку, по ремито на Албанија со Хрватска на Европското првенство, одекна далеку од Германија, сè до Русија и неговиот клуб Рубин, кои ќе го казнат за скандирање против Македонците и Србите.

Напаѓачот, роден во Гњилане, Косово и Метохија, откако освои бод во групата Ц на ЕУРО 2024, зеде мегафон и започна навредлива песна против земјата од која доаѓа и другите поранешни југословенски републики, изразувајќи неприфатлив национализам и расизам. По тој повод имаше реакција од фецерациите и на двете земји.

„Нашиот клуб е свесен за одговорноста за она што се случи. ФК Рубин претставува мултинационален тим и секогаш се придржува до принципите на почит и еднаквост, категорично осудувајќи ја секоја форма на дискриминација и навреди на национална, верска или расна основа. По враќањето во клубот, кон фудбалерот ќе бидат применети дисциплински и финансиски санкции“, изјави Рубин.

Даку е фудбалер на Рубин од јули 2023 година, во септември истата година стана албански репрезентативец, а сега го чека казна од Европската фудбалска централа.