Дисквалификација на Реал, Барса и Јуве од ЛШ ако не се откажат од Суперлигата
Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус, како и двата најреномирани шпански фудбалски колективи – Реал Мадрид и Барселона ќе бидат исфрлени од натпреварувањата под капата на УЕФА доколку не се откажат од проектот наречен Суперлига.
Судот во Мадрид пред 7 дена у даде „одврзани“ раце на Европската куќа на фудбалот сама да ги одреди казните на клубовите.
УЕФА се закани дека ќе ги суспендира овие клубови од ЛШ од сезоната 2023/24 доколку не се откажат од Суперлигата.
Пред една година, најголемите европски клубови се согласија да бидат дел од новото натпреварување, но најголемиот дел од нив се откажаа само 2 дена по соопштувањето на одлуката поради големиот број притисоци од фановите.