Директор на една од најмоќните американски компании скокна во смрт од 18 кат
Главниот финансиски директор на компанијата „Bed Bath & Beyond“, Густаво Арнал (52) е идентификуван како лицето кое скокнало од новиот, познат облакодер Џенга во Трибека, Њујорк, дознава „Њујорк пост“.
Арнал, велат тие, „скокнал во смрт“ во петокот, а бил познат и како извршен потпретседател за малопродажба на домашни производи во компанијата основана во 1971 година.
Полициски извори велат дека Арнал скокнал од 18-от кат.
Арнал на 16 август продаде 42.513 акции во компанијата за нешто повеќе од еден милион долари.
„Bed Bath & Beyond Inc.” е американски ланец на трговци на мало со домашна стока, кој работи со многу продавници во САД, Канада, Мексико и Порторико. Се вбројува меѓу најголемите корпорации во земјата.
Компанијата, според информациите, од неодамна се нашла во криза и на 31. август изгубила речиси четвртина од својата вредност по објавувањето на реструктуирање кое вклучува затворање на продавници, отпуштања и можна продажба на залихи.