Директорот на топланата „Скопје-Север“, Куштрим Рамадани со груби навреди и омаловажувања се однесувал кон новинарката Катерина Додевска од МКД.мк, информира Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
„Во телефонски разговор помеѓу колешката Додевска и директорот Рамадани, поврзан со тема околу дозволите на оваа топлана, Рамадани на груб начин со недоличен речник ја пцуе новинарката со зборовите Пи*ка ти материна…матер ти е*ам! ЗНМ алармира дека ваков однос кон новинарите и медиумските работници од страна на одговорни лица е недозволив и непримерен. Лична пресметка со новинарите или медиумските работници во ниту еден случај не може да биде оправдана и затоа овој однос може да води кон самоцензура. Ваквиот однос претставува и притисок на слободата на информирањето на јавноста и загрозување на јавниот интерес“ се вели во соопштението на ЗНМ.
Од Здружението велат дека „директорот Рамадани, според разговорот објавен на Мкд.мк, се заканува со тужба на новинарката Додевска без никаква основана причина“.