Директорот на „Паркови и заленило“ си поднесе оставка

Оставка од функцијата директор на ЈП Паркови и Зеленило поднесе  Зухејр Реџепи. Оставката е поради здравствени предизвици како што и тој самиот информираше на социјалните мрежи.

„И благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција. На новото раководство му посакувам успешна и плодна работа“, напиша тој.

Реџепи беше назначен на функцијата лани во септември откако кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери си поднесоа оставки по караницата на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која пред еден месец му даде на Реџепи менаџерски договор од 4 години.