
Директорот на катастар го потврди зголемувањето на цените
Катастарските услуги поскапени од 25 до 30%. Зголемените трошоци за струја и одржување на софтверот се главните причини за порастот на цените.
Првиот човек на оваа институција уверува дека дел од услугите се намалени, кај дел цената останала непроменета, а впечатокот дека поскапувањето е големо се добива затоа што услугите се сублимирани, односно наместо 5 сега има 2 тарифници. З Вадењето имотен лист и лист за предбележување од 180 сега чини 250 денари, запишувањето на парцела неместо 150 ќе чини 240 денари, изработката на геодетски елаборат од 750 е 1500 денари.
Се плаќа и фиксен наодеместок од 250 денари за речиси сите ставки, како и за заверека на елаборатите Хартиените и електроински услуги ќе имаат иста цена – не 600, туку 750 денари
Доколку дојде до стабилизирање на енергетската криза, односно намалување на цената на електричната енергија и другите фактори кои имаат влијание на трошоците, Агенцијата ќе направи анализа и ќе излезе со свое видување во однос на потребата од корекција на цените на услугите., изјкави Борис Тунџев, директор на Агенција за катастар.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, обвинуваат дека поскапсувањето кај некои услуги е над 500%. Тие бараат Владата да побара одговоронот и да го разреши Тунџев, затоа што, според нив, ја довел Агенциајат во банкрот.
На брифингот со новинарите сакаше да присуствуива и претседателот на Комората Рибароски. Но влез не му беше дозволен
Директорот на Агенцијата Тунџев вети средба со Рибаровски , но откако ќе закаже состанок преку службите. Овај настан бил само за информирање на медиумите и јавноста.