Д-р Александар Обедниковски, генерален директор на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, најави дека утре ќе поднесе оставка од морални причини.
Негова оставка доаѓа по смртта на новороденчето во битолската болница денеска. Претходно, кон крајот на минатиот месец, на детското одделение почина шестгодишната Јана Христовска, по примена инфузија.
Претходно почина и 12-годишно момче од селото Лера.
Неофицијално, Клиничката болница Битола ќе ја преземе д-р Елизабета Ивановска, специјалист интернист, супспецијалист пулмолог.
По налог на министерот за здравство Фатмир Меџити утре ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување на текот на лекување на починатото новороденче.