Директорот на АНБ, димовски на затворена седница ќе реферира за случајот „Онишченко“

Зад затворени врати на седница во Владата директорот на АНБ Виктор Димовски ќе реферира за случајот „Онишченко“, односно за пропустите во процедурата во одлуката за прием во македонско државјанство на украинскиот контроверзен бизнисмен, за кого е распишана меѓународна потерница и е на листата под санкции на САД.

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека сите активности кои ќе бидат преземени во иднина за овој случај ќе бидат во услогласени со политиките на нашите стратешки партнери

„ Ќе имаме затворена седница на Влада на која ќе треба АНБ да реферира за истрагата и за сите податоци кои ги имаат во однос на овој случај, јас од таа седница нема да можам или било кој друг да споделам било какви инфоирмцаии зошто тоа е тешко кривично дело. Меѓутоа ние како држава која има јасно стратешко партнерство и со САД и со ЕУ и 100% усоголасена надоврешна политика сите активности кои ќе бидат спроведени во иднина ќе бидат направени во духот на таа соработка која ја имаме. “-Димитар Ковачевски – претседател на владата.

Украинецот Онишченко станал македонски државјанин како спортист по предлог на Коњичката федерација. Вака стекнатото државјанство, доколку се утврдат материјални повреди на законот Владата може да го одземе, вели за Канал 5 универзитетскиот професор Борче Давитковски. Тој објаснува дека доколку Владата го поништи решението за доделување на државјанство на Онишченко, автоматски ќе му се одземат и пасошот и личната карта.

-Овде се работи за натурализација, со природување, каде што поради економски спортски културни и други посебности Владата со своја одлука дава држајванство. Штом даде, согласно нашето законодаваство, конкретко Законот за управна постапка, органот кој што донел поединечен акт, овде се работи за решение за стекнување на државјанство може доколку се исполнети услови, а тука очигледно е повреден законот, може тој акт да си го поништи.Борче Давитковски – универзитетски професор.

Во АНБ, според дел од медиумите, поведена е постапка за суспензија на двајца службеници за пропуст во проверката на Онишченко.

Директорот Димовски, освен во Владата денеска, ќе треба да го продолжи отчетот за случајот и во надлежната собраниска комисија, откако ќе заврши истрагата што ја отвори спикерот Џафери за протекувањето на снимка од тонот на собнранискиот Јутуб канал од седнцата која беше затворена за јавност.