Директорка на италијанска клиника посети нејзин пациент во Штип кој се лекувал од повреди во пожарот во Кочани

Директорката на Педијатриската клиника при Универзитетската болница во Падова, Проф. Сузана Езпосито дојде во Штип за да го посети Симон Крстев, кој се лекуваше на оваа клиника од повредите здобиени во пожарот во Кочани.

Директорката на Педијатриската клиника при Универзитетската болница во Падова, Проф. Сузана Езпосито дојде во Штип за да го посети Симон Крстев, кој се лекуваше на оваа клиника од повредите здобиени во пожарот во Кочани.

-Нови пријателства изградени во тешки моменти. Младиот Симон Крстев од Штип е еден од повредените во трагедијата во Кочани. На 18 април, во соработка со Цивилната заштита на Италија, пренесен е во Италија, во Педијатриската клиника на Универзитетската болница на Падова. Примен е со „хемиска пневмонија“ и изгореници од втор степен. Симон добива сеопфатен третман и веќе на 1 април се враќа дома. Испратен е од персоналот на целиот оддел и тогаш родителите на Симон ја покануваат проф. Сузана Езпосито, директорка на клиниката, да ги посети во Штип, ја сподели веста на социјалната мрежа „Фејсбук“, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Во текот на вчерашниот ден, др. Езпосито го посетила Симон во Штип.

– Симон не само што е лекуван во Парма, туку ја добил сета емотивна поддршка во тие тешки моменти.  Поддршка толку силна, да ја донесе проф. Сузана Езпосито во Штип. И се заблогодарив на Проф. Сузана Езпосито за се што е направено за Симон и порачав дека секогаш е добредојдена во Македонија!, порача Клековски.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ што избувна рано наутро на 16 март, загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.