В.д. директорката на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Анѓела Петровиќ поднесе оставка од таа функција, изјави за Euronews Србија – Игор Ѓорѓевиќ, претседател на Советот на родители.
За вршител на должноста раководител на основното училиште „Владислав Рибникар“ е назначена на почетокот на јули. Таа ја смени претходната директорка на училиштето Снежана Кнежевиќ.
Ѓорѓевиќ вели дека родителите не биле задоволни од соработката со новиот директор и дека претходно побарале директор на установата да биде некој од колективот.
„Го поддржуваме изборот што го прави колективот. Ќе поддржиме кој и да избере. Се надеваме дека овој пат ќе не слушаат и дека ќе има некој од колективот“, рече Ѓорѓевиќ.
На 3 мај се случи масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ кога ученик од седмо одделение уби девет ученици и училишен чувар, а повреди шест лица.