Директорката на „Козле“ ќе биде разрешена, се чека потпис на Таравари

Според информациите, за оваа одлука се чекало потпис од министерот за здравство Арбен Таравари, а на местото на Симоновска, информациите се дека ќе застане професорката Катерина Бошковска.

Од Министерството за здравство, како што јавува „Фокус“, информираат дека денеска се очекува да биде разрешена директорката на Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, Каролина Симоновска.

Според информациите, за оваа одлука се чекало потпис од министерот за здравство Арбен Таравари, а на местото на Симоновска, информациите се дека ќе застане професорката Катерина Бошковска.

Вчера Симоновска преку соопштение ја информираше јавноста дека дава забрана за нејзиното име и презиме да се споменува во медиумите.