На денешната средба со директориката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска ја објасни состојбата на родилката, која вчера вечерта се обидела да се самоубие, скокајќи од првиот кат на Клиниката. За жал родилката се бори за живот.
Јовановска беше прашана дали е возможно да се затворат прозорците за да во иднина не се случуваат вакви работи:
-Познато е дека една од 10 има мало психолошко породување, но никаде прозорите не се затворени, не можеме да ги чуваме како затореници, тоа е сепак убав момент. По овој настан прашував психијатри и компетентни луѓе, реагираа дека нема да се чувствуваат пријатно, рече директорката и додаде:
-За жал пациентката е во многу критича состојба. Во интерес на пациентката не можеме да кажуваме каква била нејзината состојба претходно, за тоа може да го прашате семејството. Кај нас немаше посебни психички проблеми, освен што не сакала да го дои, а ова не се случува прв пат и била лесно вознемирена. За тоа разговаравме со директорот и вработените од Психијатрија да можат да доаѓаат, но не знам тоа како ќе го прифатат пациентките, тоа е се уште табу тема. Треба и со министерството да се разгвара, за да доаѓа барем еднаш неделно. Да се разговара со мајките, да се види каква им е состојбата. Еве јас ќе речам, во современиот начин на живот на сите нас ни треба психијатар, не само на родилките, како совет не како терапија, рече таа.
Ова е прво дете на мајката и како што рече директорката била бремена со сакано дете.
-Семејството не сака да кажуваме за здравствената состојба на пациентката, но ќе кажам дека не беше посебно вознемирена за разлика од другите родилки. На 39 годишната мајка ова е сакано бебе, но не сакала да го дои, потпишана е во историјата дека не сакала. Ова укажува на тоа да се разговара со неа иако понекогаш пациентките знаат да се повредат ако речеме дека треба да се поразговара со психијатар, па затоа понекогаш кажуваме психолог, не психијата за да не се навредат, рече директорката.