Директори на основни училишта се степаа во дискотека во Кавадарци

Видео снимка која набрзо беше избришана од социјалните мрежи, направена синоќа во ноќен клуб во центарот на Кавадарци, покажува за тепачката меѓу два директори на основни училишта во Кавадарци.

Возрасните мажи кои се тепаат, а потоа присутните ги разделуваат, се директори во две основни училишта во градот.

Тие биле приведени во полициската станица поради напад на обезбедувањето, под дејство на алкохол, како и поради нарушување на јавниот ред и мир.

Кавадарчани се згрозени од настанот и јавно прашуваат како може носители на јавни функции, во дискотека каде излегуваат нивните деца, да се однесуваат на таков недоличен начин. Се бара одговорност и нивно поднесување на оставки од морални причини.

За ова се јави со став и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој најави дека во понеделник следува разрешување на двете лица од нивните функции.