Македонското Министерство за надворешни работи ќе им додели дипломатски пасоши на фудбалските репрезентативци Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Благоја Милевски, соопшти на денешниот брифинг со новинарите министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Тие се нашите најважни амбасадори во моментов и го заслужуваат пасошот, како одделен доказ за нивните успеси. Им посакувам успех и во Португалија“ – рече министерот Османи.
Македонската фудбалска репрезентација завчера оствари победа над Италија во Палермо, со што обезбеди место во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022.