Писателката Лидија Димковска, која ја доби наградата Роман на годината за своето дело „Единствен матичен број“, во гостувањето на „Трилинг“, на прашање за конфротацијата меѓу народите, конкретно на релација Скопје-Софија, вели дека тие ги создаваат „политичарите и простите народни маси“.
Писателката открива дека има 4 книги прведено на бугарски јазик, често гостува во Бугарија, но ниту еднаш во интервју за бугарски медиуми никој не и кажал „вие пишувате на нашиот јазик“.
-Едноставно ме третираат како секој странски автор кој ќе дојде во Бугарија да гостува. Моето искуство е такво, како и со Грција, каде „Резервен живот“ излезе на грчки јазик. Во него стои дека јас доаѓам од Македонија, во романот не се преведува во Северна Македонија. Сакам да кажам дека оние кругови кои се занимаваат со уметност, со култура, нормалните луѓе, тие немаат проблем со нашиот идентитет, истакнува таа.
Димковска додава дека не може да ги идеализира нашите народи, бидејќи во секој народ „има една проста маса од луѓе на кои ништо не им е важно освен сплетки, интриги, заговори…“
-Тоа го има во секој народ, словенечкиот, грчкиот, бугарскиот и секако во македонскиот. И кога еден таков народ ќе испили политичари кои излегла од таа, јас не велам проста маса за луѓе кои што не се образовани, апсолутно не. Можете да мате докторат па да припаѓате на таа категорија, која идеологизира, која се занимава со беден патриотизам, односно национализам, која што мрази други, која не признава малцинства. Тоа го има во секој народ, во секоја држава, истакна Димковска.