Проф д-р Горан Димитров претседател на Лекарското друштво во најновото издание на Трилинг говори на тема недостаток на здравствените работници.
,,Ако сметаме по положени лиценци, тоа е секако апроксимативна бројка дека во една година 400 лекари добиваат лиценца и се здобиваат со право да прегледуваат пациенти, имаме и такви кои што не положуваат па работат во фирми фармацевтски и така натаму. Од тие 200 до 220 заминуваат во странство а останатите 180 се таканаречени природен дефицит. Што значи тоа? Или одат во пензија, или умираат.” – потенцираше Димитров.
Тој појасни дека трендот на недостаток на медицински лица не е само кај нас туку во цела Европска заедница.
,,Билтенот што пред една година излезе иако имавме две години пандемија, кажува дека до 2014 па навака, секој трет доктор во европската заедница а слично е и кај нас е постар од 55 години”. – истакна тој.
,,Имаме специјална комисија за зачувување на честа и угледот на докторите.Мегутоа рамно професионална организација е комората. Во комората има специјална комисија која што оценува нечиви грешки, и која што доделува казни, земање на лиценци , секаква казна според законот” – вели Димитров во најновото издание на Трилинг.