Димитров: Овој предлог не води кон членство во ЕУ

Во емисијата 24 анализа, Никола Димитров изјави дека три години, сите земји членки, освен Бугарија, сите претставници на бриселските институции, освен Вархеји рекоа дека не смее да влезат билатерални прашања во пристапниот процес од овој тип.

  • Ова не е реален спор. Тие велат, во моментот кога ќе се билатеризилра рамката, ќе се отвори пандорината кутија. Ние имаме ситуација кога добронамерници што ја сакаат нашата земја и го нзата процесот и се интересираат за Балканот. Нам ни се нуди врата на којашто пишува ЕУ, ама кога ќе ја отвориме, гледаме дека има ѕид и слепа улица. Овој предлог не води кон членство во ЕУ, туку не паркира во слепа улица, каде вечно ќе разговараме. со Бугарија. – рече Димитров.