„Недозволиво е Бугарија да дозволи да се врши притисок врз неа“.
Ова за бугарска БНТ го изјави Ангел Димитров, копретседател на Бугарско-македонската комисија за историски прашања. Тој смета дека притисокот сега доаѓа одвнатре, од Бугарија.
„Никој не си дозволил директен притисок врз нашата Комисија, но последните 3-4 дена јас лично станав предмет на притисок од една многу сериозна институција во Бугарија со обвинение дека ги предавам интересите на државата. Тоа е ДАНС – Државната агенција за безбедност. Продолжувам да се чудам, како темата за брз старт на преговорите на Република С. Македонија со ЕУ стана централна тема, а не би требало да биде. Се измести тежиштето за тоа кој треба да биде активен. Наместо тоа да биде државата која е заинтересирана, активна страна е Бугарија“ вели Димитров.