Димитров: Бугарија нѐ турка се подалеку од себе, а ние сме сѐ уште на паркингот и не може да ја отвориме европската иднина

Тој вели дека „ние сме најдрастичниот пример дека има огромни проблеми во политиката на проширување. Бугарија нѐ турка се подалеку од себе, а ние сме сѐ уште на паркингот и не можеме да ја отвориме сериозно европската иднина, но не можеме да чекаме да падне решение од небо. Мораме ние да предлагаме и да чукаме на врати и мораме да сме исклучително проактивни“.

Никола Димитров – поранешниот министер за надворешни работи и претседател на невладината „Солуција“ синоќа во гостување на ТВ Сител рече дека заклучоци на Европскиот совет претпоставуваат согласност од сите 27 земји-членки, меѓу кои и соседна Бугарија.

-Нашата заштита треба да ја бараме дома и мислам дека начинот како ние да направиме чекор, а да не удриме повторно во ѕид, мислам дека треба да го бараме во уставниот закон за спроведување на уставните амандмани. Има начин како тоа да се направи и мислам дека е рационално. Мислам дека многу земји-членки нема да бидат изненадени ако имаме еден рационален и едноставен механизам за заштита – рече Димитров.