Димитриeска Кочовска: Да ја искористиме актуелната ситуација и да почнеме директно да извезуваме во САД

Министерката за финансии Гордана Димитриeска Кочовска очекува да има средби со американските колеги за време на нејзниот престој на редовните пролетни стедби на ММФ и Светска банка во Вашингтон идната недела на кои, како што рече денеска, ќе стане збор и за царините. Но, таа уште еднаш напомена дека земјава нема некој голем негативен ефект од ваквата одлука на САД, туку повеќе е индиректно засегната, преку размената со ЕУ.

Министерката за финансии Гордана Димитриeска – Кочовска очекува да има средби со американските колеги за време на нејзниот престој на редовните пролетни средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон идната недела на кои, како што рече денеска, ќе стане збор и за царините. Но, таа уште еднаш напомена дека земјава нема некој голем негативен ефект од ваквата одлука на САД, туку повеќе е индиректно засегната, преку размената со ЕУ.

Според Димитриеска Кочовска, со оглед на добрата комуникација на премиерот Христијан Мицкоски со високи лица од Вашингтон, земјава може актуелната ситуација да ја гледа како шанса и да почне директно да извезува во САД.

Gjithsej 84 milionë euro nga kredia hungareze janë transferuar në Bankën për zhvillim të Maqedonisë, ndërsa interesimi i kompanive është shumë më i madh se sa pritej, thotë ministrja e Financ

– Очекувам да имам средби во американското Министерство за финансии каде ќе се потрудиме да поразговараме и да видиме што можеме да направиме како директна промена, но неколку пати го зборувам истото, ние од директната размена со САД немаме некој голем негативен ефект или импликација. Кај нас, проблемите се јавуваат како резултат на размената што ја имаме со ЕУ, а ЕУ со САД. Значи, во тој дел треба да следиме што ќе се случува во ЕУ. Пред два дена се вратив од Економскиот форум во Грција каде имаше преку 400 панелисти и речиси немаше панел на кој не се дискутираше за случувањата во САД. Мислам дека и таму работите малку ќе се променат. Гледате и сами дека дојде до намалување на царинските тарифи. Десет отсто царинска тарифа е нешто што може да го прифатат и граѓаните на САД, но и во синџирот или поврзаноста секој по малку да преземе од тој трошок. Оваа состојба е сега веќе комплетно поразлична и очекувам дека ќе има надминување и на овие 10 отсто, можеби ќе стигнеме и ние да искористиме како држава, зашто јас ова го гледам и како шанса за нас зашто премиерот има многу добра комуникација со високи лица од Вашингтон. Очекувам дека ќе ја искористиме во наша полза, па што и да не почнеме директно да извезуваме во САД, подвлече минитерката.