Димитријевиќ потпиша за Милано

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ од денес и официјално е нов член на Олимпија Милано.

Италијанскиот првак преку социјалните мрежи објави за трансферот на Македонецот.

-Среќен сум што ќе бидам дел од голем клуб каков што е Милано. Едвај чекам да почнеме со тренинзи. Ќе се обидам да помогнам да остваруваме победи и да освојуваме трофеи, изјави Димитријевиќ.

Во Италија, Димитријевиќ доаѓа од руски Уникс Казањ, клуб во кои со своите игри го привлече вниманието на кошаркарската јавност.