Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените

Во моментов нема недостиг на нафта и нафтени деривати, ниту пак има значајни ценовни шокови како директна последица на кризата. Според информациите од терен, обезбедени преку засилени контроли на Државен пазарен инспекторат, не се констатирани посериозни отстапувања во цените, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МРТВ.

Во моментов нема недостиг на нафта и нафтени деривати, ниту пак има значајни ценовни шокови како директна последица на кризата. Според информациите од терен, обезбедени преку засилени контроли на Државен пазарен инспекторат, не се констатирани посериозни отстапувања во цените, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МРТВ.

Рече дека Владата внимателно ги следи економските состојби и е подготвена да реагира навремено со соодветни мерки, доколку има потреба.

„Кај нас, во моментов, нема недостиг на нафта и нафтени деривати. Граѓаните можат непречено да снабдуваат гориво, што значи дека нема основ за воведување рестриктивни мерки од тој тип. Во однос на цените, тие и понатаму се пониски во споредба со дел од регионот, што е особено важно за стандардот на граѓаните. Затоа не можеме механички да ги преземаме мерките од други земји, без да ја земеме предвид нашата реална состојба” кажа министерката.

Во услови на зголемена глобална неизвесност, предизвикана од случувањата на Блискиот Исток, министерката нагласи дека клучен предизвик е непредвидливоста на кризата, со оглед дека ниту европските земји не можат да дадат прецизни проценки за нејзиното времетраење.

„На дневна основа функционираат повеќе од 30 инспекциски тимови кои ги следат состојбите низ целата држава. Најголем дел од компаниите, било да станува збор за производители, било да станува збор за дистрибутери, супермаркети, кои се посетени од ДПИ може да констатираме дека на терен дека промена во однос на цени нема“ кажа Димитриеска-Кочоска

Министерската потенцираше дека состојбите се следат и најважно за Владата е да не се наруши стандардот на граѓаните.

„ Во услови кога вие сте наследиле огромен долг, не можеме да зборуваме за не знам каква отпорност. Но, секогаш постои правилото што ни е нас приоритет. Нас ни се приоритет граѓаните. Во такви услови, владата секако дека ќе реагира и ќе преземе соодветни мерки“, истакна министерката.