„Најавите за ново задолжување од Владата ќе ја фрли Македонија на колена. За само две години Владата на СДСМ и ДУИ не задолжи со нови 1,6 милијарди евра, а со новото повисоко задолжување оваа година кое го планираат со ребалансот на буџетот, новиот долг за само три години ќе биде 2,3 милијарди евра и ќе достигне историски ВРВ од 7,9 милијарди евра“.
Ова меѓудругото го изјави Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ.
„Немавме ниту една капитална инвестиција, ниту еден изграден регионален или пак да не зборуваме за автопат, ниту една изградена градинка, спортска сала. Ама затоа имавме скандали со набавки на софтвери, на консултански услуги, на фстаци и бадеми, на златни лажици и вилушки, поткуп со картички пред избори. И сега на повидок е ново задолжување кое го правдаат со енергетската криза и негативните ефекти од војната во Украина. На сите ни е јасно дека повторно оваа Влада не се справува успешно со кризите“ вели Димитриеска Кочоска.
Таа потенцира:
„Оваа Влада ги изгуби сите битки со сите кризи. Оваа Влада своите лични интереси ги стави пред државните интереси – како во политиката, така и во економијата. Време е да се смени“.