
Димитриеска Кочоска: Историски високи приходи во Буџетот за јули
Димитриеска Кочоска нагласува дека во јули споредено со истиот месец лани приходите од даноци и придонеси бележат раст 7,4 отсто, приходите од акцизи бележат раст од 5,7 проценти, а приходите од увозните давачки бележат раст од 19,2 отсто.
Историски високи приходи во Буџетот за јули, Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна наплата досега. Финансиската стабилност и одржливиот економски раст се наш фокус и веќе се гледаат резултати, уште во првата година од мандатот, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на својот Фејсбук профил.
Димитриеска Кочоска нагласува дека во јули споредено со истиот месец лани приходите од даноци и придонеси бележат раст 7,4 отсто, приходите од акцизи бележат раст од 5,7 проценти, а приходите од увозните давачки бележат раст од 19,2 отсто.
-Ова се резултати на ефикасна, одговорна и професионална работа. Продолжуваме посветено, со поддршка за стопанството и грижа за секој денар на граѓаните, подвлекува министерката.