Димитриеска-Кочоска: Буџетот е стабилен и во добра кондиција

„Буџетот е во стабилна и добра кондиција и сите обврски се сервисираат навремено и непречено“ истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање во Собранието.

„Буџетот е во стабилна и добра кондиција и сите обврски се сервисираат навремено и непречено“ истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање во Собранието.

Таа апелираше да не се создава лажна перцепција дека буџетот е во банкрот и нагласи дека фактот што нема доцнење во исплатите и не се воведуваат дополнителни товари за граѓаните и стопанството јасно покажува дека јавните финансии се управуваат одговорно, транспарентно и со јасен план.

– Апелирам да не се создава лажна перцепција дека Буџетот е во банкрот. Доколку Буџетот ги сервисира сите обврски навреме и не воведува дополнителни товари за граѓаните и компаниите, тоа јасно покажува дека јавните финансии се стабилни и во добра кондиција. Нашите политики се насочени кон фискална консолидација, транспарентност и градење доверба кај инвеститорите и јавноста – рече министерката.

Повтори дека од почетокот на годината државата се задолжи со една милијарда евра со цел раздолжување на постојни обврски, а дополнително ќе се обезбедат уште 300 милиони евра од странство, исто така наменети за сервисирање на долг кој доспева.