Максим Димитриевски – актуелниот градоначалникот на Куманово на социјалните мрежи го соопшти својот став по повод „шегата“ на премиерот на Албанија, Еди Рама, кој на самитот во Солун, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го наречен премиер на „идна Западна Бугарија“.
Иако од неговиот кабинет порачаа дека станувало збор за сарказам кон Бугарија и иронија кон Европската Унија, сепак на адреса на Рама стигнаа бројни критики.
„Никој не те почитува доколку не покажеш самопочит, но и возвратиш почит кон тие кои те почитуваат. „Шегата” на Рама е неприфатлива, должен е извинување и кон Премиерот, но и кон целата македонска јавност. Ковачевски наместо насмевка треба да возврати со реципроцитет и да побара извинување. Молкот е повеќе од срам!“ вели Максим Димитриевски.