
Димитриевски: Наша цел во третиот мандат е да го трансформираме Куманово во регионален економски центар на Балканот
➡ Куманово да се промовира во нов регионален-економски центар на Балканот, ќе ја искористи позицијата на крстосница помеѓу коридорите 8 и 10, ќе понуди и поддршка на домашните и странските компании, проекти кои ќе придонесат за намалување на невработеноста, кажа на денешната прес-конференција пред компанијата „Бучен Козјак“, кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски.
Куманово да се промовира во нов регионален-економски центар на Балканот, ќе ја искористи позицијата на крстосница помеѓу коридорите 8 и 10, ќе понуди и поддршка на домашните и странските компании, проекти кои ќе придонесат за намалување на невработеноста, кажа на денешната прес-конференција пред компанијата „Бучен Козјак“, кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.
Тој денеска се сретна со две компании од локалната заедница и со претставниците на бизнис заедницата разговарал за состојбите во реалниот сектори можностите за развој.
– Наша главна цел во рамки на третиот мандат ќе била развој на домашното стопанство и поголем простор и за домашни и за странски инвестиции во градот, развој на нови индустриски зони по примерот на зоната Речица и Новини. Дополнително, помош на занаетчиството во градот, како елементарна гранка за развој на стопанството, без кое немаше да се развие кумановското стопанство, рече Димитриевски.
Во програмата, кандидатот за градоначалник од ЗНАМ кажа дека е опфатена и реконструкција на двата зелени пазари, преку јавно приватно партнерство. Предвиден е фонд за поддршка на младите претприемачи и стартап компании за младите, поддршката на креативците, уметниците.
– Обучување и доквалификација на нашата работна сила, бидејќи бројот на невработени во Куманово е голема, но дел од нив не се соодветно квалификувани за работните задачи во постоечките компании кои работат во градот и создавање на туристички пакети и брендирање на општина Куманово на туристичките пакети, кажа Димитриевски.
Истакна дека слушнал за потребите на стопанствениците и рече дека во Куманово функционира локален-социо-економски совет. Димитриевски, како што додаде ќе се формира и секција на жени од локален економско социјален совет, бидејќи во градот има доста семејни компании и генерално фирми водени од успешни жени претприемачи.
– И јас како кандидат за градоначалник и советниците од листата ќе продолжиме со истата агенда, со конечна цел Куманово да го видиме како перспективна општина за домашни и странски инвестиции. Дополнително да го трансформираме како еден од главните економски центри на Балканот, бидејќи тоа ни го пружа крстосницата помеѓу двата коридори 8 и 10, кој поминува во градот, рече Димитриевски.