Димитриевски: Наместо визија СДСМ нудат страв, но ЗНАМ не се плаши

„Наместо визија, тие нудат страв. Наместо идеи – уцени. Наместо дебата – хајка. Но, јас Ви ветувам и оттука јасно Ви порачувам, овие тактики ќе Ве поразат, но нема да ја поразат Македонија,“ изјави претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, на денешната прес-конференција во Куманово.

„Наместо визија, тие нудат страв. Наместо идеи – уцени. Наместо дебата – хајка. Но, јас Ви ветувам и оттука јасно Ви порачувам, овие тактики ќе Ве поразат, но нема да ја поразат Македонија,“ изјави претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, на денешната прес-конференција во Куманово.

Тој обвини дека во изминатите денови врз членови и поддржувачи на движењето се вршат притисоци под директива на раководството на СДСМ.

„Во овие денови добивам стотици пораки од наши членови и поддржувачи, луѓе кои се повикуваат на разговори, на ‘предупредувања’, на притисоци. И сето тоа под директива на Венко Филипче и сегашното раководство на СДСМ,“ рече Димитриевски.

Лидерот на ЗНАМ порача дека овие обиди нема да го поколебаат движењето.

„Нема да успеете! ЗНАМ не се плаши. Нашите членови не се плашат. Македонија нема да се плаши! Секој обид за заплашување само ја зајакнува нашата борба,“ истакна тој.

Осврнувајќи се на одбивањето на поканата за ТВ-дуел од страна на СДСМ, Димитриевски потсети:

„Пред една недела го повикав лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на ТВ-дуел. Не заради мене, не заради партија — туку заради Македонија. Да ги соочиме аргументите, да зборуваме отворено, пред народот, за она што ни е најсвето – нашата држава, нашиот идентитет, нашата иднина. Седум дена поминаа од тогаш. Седум дена молк. Седум дена тишина – таму каде што требаше да има храброст. И тоа кажува сè.“

Тој потсети дека Движењето ЗНАМ пред извесен период ја претставило Националната платформа за заштита на македонските национални интереси, која, како што рече, СДСМ ја вратиле „неотворена“.

„Во неа не ставивме партиски интереси, туку историја, чест и иднина. Крушевскиот манифест, АСНОМ, нашата вековна борба за држава и за јазик — тоа се темелите на Македонија што ја сакаме. Таа платформа ја испративме со почит, со надеж дека ќе биде почитувана. Но господата од СДСМ ни ја вратија – неотворена. Не ја прочитаа. Не ја допреа. Не ја почувствуваа“ рече Димитриевски.