Димитриевски: ЗНАМ ќе продолжи во континуитет да го развива Куманово, градот да стане регионален-економски центар

➡ ЗНАМ излегува со утврдени, континуирани резултати со преку 800-тини проекти во изминативе осум години, Куманово заслужува да продолжи да се развива и да стане регионален економски центар на Балканот, кажа на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски. Програмата која ја нуди, кажа Димитриевски е реална и остварлива, целта е младите да останат и тука да ја градат својата иднина.

ЗНАМ излегува со утврдени, континуирани резултати со преку 800-тини проекти во изминативе осум години, Куманово заслужува да продолжи да се развива и да стане регионален економски центар на Балканот, кажа на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски. Програмата која ја нуди, кажа Димитриевски е реална и остварлива, целта е младите да останат и тука да ја градат својата иднина.

– Куманово заслужува да продолжи, Куманово знае и Македонија знае дека е потребен континуитет. Ние пред граѓаните ќе излеземе со реално остварлива програма. За разлика од останатите ќе го покажеме што тоа всушност го работевме во изминатите осум години. Куманово заслужува да биде нов регионален центар на Балканот во коешто покрај локалната ќе се развива и регионалната економија, ќе се зголемуваат бројот на работните места во градот, ќе имаме и домашни но и странски инвестиции. Куманово мора да биде нов регионален центар и движечка економска сила на овој дел на балканот а не само во Македонија. Постојат такви можности и потенцијали и веќе во моментов се работи на тоа, бидејќи се потврдени голем број на инвестиции коишто се инвестираат во градот тргнувајќи од инвестицијата на „Лидл“ е која веќе на 108 милиони евра дополнително компании како Армор плус“, „Дреслермаер“ и домашни компании коишто реинвестираат во нашиот град, рече Димитриевски.

Тој кажа дека целта е да се зголеми економската моќ на кумановци, што поголем број на млади луѓе останат да работат творат и создаваат тука во Куманово. Димитриевски ги повика кумановци да го поддржат и да им дадат поголема можност на младите луѓе, директно да учествуваат во носењето на одлуките за иднината на Куманово.

Димитриевски им честиташе и на останатите кандидати за градоначалници и за советнички листи за кандидатурите за локалните избори, укажувајќи дека ќе води фер кампања. Тој се осврна на сработените проекти изминативе осум над осумстотини реализирани во изминатите осум години, улици, фекална, атмосферска канализација, водоводни мрежи, бекатонирање, реконструкции на училишта кои, како што рече „со децении не беа чепнати“, спортски сали, игралишта. Димитриевски кажа дека особено е горд на проектот-бесплатен автобуски превоз, проект кој не беше најавен во претходните програми, а беше воведен за сите кумановци и кој е единствен во Македонија.

– Сакам да потенцирам дека ЗНАМ ее политичка партија којашто се воздигна од граѓаните. Во самата кандидатска листа за советници се граѓански претставници, нови луѓе коишто имаат личен интегритет, авторитет и можност да работат и творат во континуитет. Затоа јавно ме повикувам да ја проследите кампањата на движењето, ЗНАМ за наша Македонија, а потоа да го донесете конечниот збор да го дадете вие и да ја донесете вашето одлука врз база на тоа што реално ќе ви биде понудено, кажа Димитриевски.

Димитриевски најави фер, позитивна, демократска кампања, додавајќи дека, иако се потпишуваат различни декларации, никогаш кампањата не е фер и ги отфрли како што рече „сите негативни обвинувања кои не се поткрепени“. Кандидатот на ЗНАМ ги повика кумановци на конвенција која ќе се одржи во среда на градскиот плоштад со почеток во 19 часот.

– Движење ЗНАМ- За наша Македонија официјално ќе ја направи својата конвенција на кандидати за советници и мене како кандидат за градоначалник на 1. Октомври, на градскиот плоштад со почеток во 19:00. Тука ќе биде презентирано дел од нашата предизборна кампања и ќе бидат презентирани сите наши кандидати и за градоначалник и за советници. Ги повикувам граѓаните на Куманово да нѐ проследат, да излезат на градскиот плоштад и да ги слушнат сите наши идни решенија за нашиот град. Го правиме тоа токму на градскиот плоштад каде што е срцето на градот, онака како што доликува. Немаме намера да се криеме во сали, ниту пак на други места, бидејќи Куманово и кумановската јавност заслужува во целост да слушне за своите планови за иднината на граѓаните и за програмските цели на движење ЗНАМ за наша Македонија и нашиот носител Ивана Ѓорѓиевска. И сите останати 30 кандидати за советници и дополнително мене како ваш актуелен градоначалник којшто бара повторно поддршка од вас за да Куманово продолжи да се развива, повика Димитриевски.