Димитриевски во убедливо водство во Куманово

Симпатизерите со музика и весела атмосфера ја прославуваат водечката позиција на Димитриевски, кој според моменталните резултати, е на добар пат да обезбеди победа уште во првиот круг.

Во Куманово владее победничка атмосфера по првичните резултати од локалните избори. Според податоците на Државната изборна комисија, по обработени 42,51% од избирачките места, кандидатот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, има убедлива предност со освоени 4.837 гласа, додека неговиот главен противкандидат од редовите на СДСМ, Мартин Костовски, има освоено 1.705 гласа.

Симпатизерите со музика и весела атмосфера ја прославуваат водечката позиција на Димитриевски, кој според моменталните резултати, е на добар пат да обезбеди победа уште во првиот круг.