Димитриевиќ нов генерален секретар – Чупеска, Костова, Шукова и Илиевски потпретседатели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва го избра новото раководство на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитријевиќ кој доаѓа од Општинската организација на СДСМ од Гази Баба.

Централниот одбор на СДСМ вечерва го избра новото раководство на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитријевиќ кој доаѓа од Општинската организација на СДСМ од Гази Баба.

За потпретседатели на партијата Централниот одбор ги избра поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, Менде Илиевски – член на Советот на општина Битола, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска и Кристина Костова – член на ЦО на СДСМ.

Избрани се и двајца организациски секретари – поранешниот пратеник од Куманово Мартин Костовски и Љупчо Фармаковски од општинската организација во Центар.

Во неделата СДСМ го одржа 30. Конгрес на кој Фани Каранфилова-Пановска беше избрана за заменик-претседателка на партијата.

„Со голема радост ја примивме веста дека нашиот другар од ОО СДСМ Гази Баба Александар Саша Димитриевиќ е избран за нов генерален секретар на СДСМ. Ова претставува огромна чест кон Општинската организација Гази Баба, но истовремено и обврска како матична општинска да му бидеме ветар во грб за сите процеси кои следат во иднина и заедно да ја вратиме партијата на победничките патеки“, напишаа на Фејсбук од ОО СДСМ Гази Баба.