Носителот на листата со кандидати за пратеници од Левица за ИЕ6 Игор Димески денесka имаше средба со членовите на Здружението на пензионери. Тој ја претстави програмата на Левица што се однесува за пензионерите.
– Програмата на Левица за пензионерите, нивното згрижување и повисока исплата на пензиите за која партијата има поставено јасни законски прописи, кои во иднина ќе се потруди партијата да ја реализира. Тоа се линеарно покачување на пензиите, 2/3 повисоки пензии во однос на минималната плата, државни пензионерски домови, намалување на старосната граница: 60 години за жени, 62 години за мажи. Пензионерите во денешно време се столб на финансирање на семејството и дека нивниот статус треба на општествено ниво да се промени и да имаат спокојна старост, истакна Игор Димески.
Носителот на кандидатската листа понуди бесплатна правна помош од страна на Левица и отворена соработка во секое време.