
Дилер од Албанија фатен во Британија со 19 кеси кокаин
Со 19 кеси кокаин, грчка возачка дозвола, мобилен телефон и 285 фунти готовина бил фатен младиот Албанец – Ерион Хоџа од Бич Роуд, кој минатиот месец возел нерегистрирано „ауди“ по патот Брамфорд во Ипсвич каде бил запрен од британската полиција и приведен за продажба на дрога.
Хоџа им рекол на полицајците дека го нашле погрешениот човек. Од кога бил физички приведен со лисици на рацете, нападнал полицаец, нанесувајќи му расекотина на раката и модринки.
Пораките на телефонот покажале дека ден пред апсењето на Хоџа, испорачал 39 кеси со кокаин на 26 клиенти со вкупна вредност од 1.530 фунти.
Хоџа илегално бил донесен во Велика Британија и како резултат на тоа не можел да работи легално и немал прибегнување кон јавни средства.
Од кога останал без работа, за да им се оддолжи на албанските шверцери кои го донеле во Велика Британија, тој се вклучил во продажба на дрога, јавуваат локалните медиуми.