
ДИК: Излезноста до 9 часот е 2,88%, гласањето се одвива непречено
Борис Кондарко, претседателот на ДИК соопшти дека сите избирачки места се навреме отворени, и гласањето се одвива без проблеми.
Излезноста на вториот круг локални избори на ниво на цела Македонија е 2,88%, истакнаа од Државната изборна комисија.
До 9 часот, вкупно гласале 22.379 гласачи.
Борис Кондарко, претседателот на ДИК соопшти дека сите избирачки места се навреме отворени, и гласањето се одвива без проблеми.
„Единствено во Општина Дојран во избирачко место 0385, поради технички проблеми со смарт картицата на уредот, имаше мал застој, проблемот е решен, и ова прашање е надминато, гласањето тече непрекинато во ова избирачко место. Други нема никакви проблеми, потешкотии, неправилности не се регистрирани ниту пријави, и немаме ниту приговори од политички партии.
ДИК ја известува јавноста дека ќе биде на терен, ќе посети определени избирачки места и определи изборни комисии без претходна најава. Сакаме да пратиме порака дека целиот изборен процес ќе биде под надзор. И по завршување на гласањаето по 19 часот членовите на ДИК ќе бидат присутни на некои места без претходна најава, и исто така ќе го набљудуваме и процесот на броење на гласовите. Ова е се со цел за поголема транспарентост и надзор на изборниот процес“, изјави Кондарко.