ДИК: Отфрлени листи за градоначалници во Скопје, Центар, Бутел, Аеродром, Куманово

ДИК информира дека се отфрлени пет кандидатски листи за градоначалници – по една во општините Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и Град Скопје.

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека досега се потврдени вкупно 303 листи за кандидати за градоначалници во општините и во Град Скопје, како и 558 листи за членови на општинските совети и Советот на Град Скопје.

Во дел од општините – Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје – постапката сè уште трае, бидејќи одредени кандидатури се враќаат на корекција поради утврдени неправилности. Во моментот, во процес на корекции се осум листи за градоначалници и 20 за советници.

ДИК информира дека се отфрлени пет кандидатски листи за градоначалници – по една во општините Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и Град Скопје.

– По завршување на процесот на потврдување на кандидатските листи, следува ждрепката за утврдување на редоследот на единствената листа на кандидати која ќе се одржи на 25 септември 2025 година, најавува Државната изборна комисија.