Дизелот поскапува за 1 денар, цените на бензините не се менуваат!

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за 1 денар за литар, додека цената на бензините останува иста. Ваква одлука денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 95 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 97 додека пак цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 86 денари.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1 денар, односно ќе се продава за 84,5 денари за литар.

Исто така, за 0,3 денари се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 54,6 денари.