
Дизелот повторно поскапе – бензините намалени, односно со иста цена
Mалопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит.
Mалопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 98,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 95,50 ден/лит, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.
Еве ги цените
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, со која од 7 април 2026 година од 00:01 часот горивата ќе поскапат во просек за 1,41 отсто.
Согласно одлуката, новите максимални цени ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 83,50 денари за литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 85,50 денари за литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 98,00 денари за литар
Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) – 95,50 денари за литар
Мазут М-1 НС – 51,311 денари за килограм
Од РКЕ информираат дека во пресметката се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10 проценти (освен за мазутот), како и намалените акцизи – за дизелот за 4 денари по литар и за бензините за 2 денари по литар.
Како главни причини за поскапувањето се наведуваат зголемените референтни цени на светските пазари, каде кај бензините растот изнесува 4,084 отсто, кај дизелот 10,137 отсто, кај екстра лесното масло 11,369 отсто, а кај мазутот 2,002 отсто. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот е зголемен за 0,2756 отсто.
РКЕ апелира до нафтените компании да го задржат попустот договорен со Владата и добавувачот ОКТА, односно да ги намалат цените за 3 денари по литар кај дизелот и за 2 денари по литар кај бензините, за бенефитот директно да го почувствуваат граѓаните.
Од Комисијата посочуваат дека без мерките за намалено ДДВ и акцизи, цените би биле значително повисоки – бензините за околу 8,5 денари по литар, а дизелот за околу 12 денари по литар.