Дизелот од полноќ 2 денари поскап
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука од вечерва по полноќ, бензините да поскапува за еден денар за литар, а цената на дизел горивата да СЕ се зголеми за два денара.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 85,5 денари за литар,
ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 87,5,
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5,
а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 75,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,204 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,542 денари.